последен (прид.) - голтка (имн.)

Не говоревте ли вие еднаш за една каса? „Одете и слушајте музика во бавчата крај станицата“, им рече и ја испи последната голтка. „Ќе дојдам по вас“.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Го забележав крајот на сенката како со последните голтки влегува во мене.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Му ја туривам в уста последната голтка што ја чувам во чутурката...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Така – ја испива последната голтка кафе (јас сум сè уште кај втората): Важи. Те чекам во вторник.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Ја испил последната голтка од својата буклија (знаеле дека купил за стара кошула ракија од Лесново) и го побарал со едното око влакнестото лице на дивиот Онисифор Мечкојад.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Му се пиело, комовата анасонка го враќала кон врелите лесновски спомени.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ја испив последната голтка од кафето. Со бавен ритам појдов кон мерцедесот...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но тоа не се случуваше. Можеби ова беше Лебедовата телеграма.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Баш кога наумив да разврзам за вкусот на чоколадото, видов колку нежно ја покриваш со фустанот прерамката, боја чоколадна, колку мераклиски ја отпиваш последната голтка рујно вино и молкнав збунето кога ми шепна: другпат кога ќе изчезнеш, да оставиш порака.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Татко покажа мал немир. Набрзина ги испи последните голтки од кафето.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)