последен (прид.) - епизода (имн.)

Со исклучок на неколку документарни фотографии - како онаа славната на која Дишан чучнат на клупа во еден парк во близина на Париз прави ѓаволеста гримаса на ококорено исклештен монструм - на кои се наѕира само трага на овој аспект на уметникот.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Работните луѓе и граѓаните на наведената земја не само што алчно ја голтаа секоја сцена од таа мамутска серија, туку имаа потреба утредента да си ја прераскажат едни на други последната епизода, ко демек овие другиве да заспале пред телевизор.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Те читав, се разбира, и пред да ме воведеш во чудниот свет на Татковата библиотека, Твојот интимен еквивалент на онаа митска Вавилонска библиотека на Борхес, но Твоите поранешни книги ги следев повеќе од професионален отколку од читателски интерес.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Благодарение на таквиот великодушен гест, јас се почувствував избрана за една од првите, оттука и привилегираните читателки на најновата и засега последна епизода од книжевната серија што толку настојчиво, но и со толку сериозни и автентични причини самиот ја имаш именувано како Балканска сага. Mислам дека нејзиното објавување го следам од самиот почеток, од романот Татковите книги (објавен во 1992 година), кон кој останав и останувам трајно приврзана.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Бидејќи нашиот читателски интерес целосно се насочува токму кон проблемскиот или провокативен корпус што ваквите стручни книги задолжително го промовираат, авторите што истиот тој корпус него внимателно го истражиле (за да ни го олеснат пристапот до неговата загадочност) како да ги маргинализираме: за нас, тие како да стануваа вторична појава.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Променетото сценарио го подразбираше и минувањето на границата, последната епизода.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Можеби во ниеден друг детаљ не доаѓа толку до израз Дишановата инспирација од хумористичното, како во последната епизода од неговиот живот - една од оние што не може да се контролира.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)