последен (прид.) - изглед (имн.)

Британските аналитичари сметале дека за нив ќе биде корисно ако го "потпалат Балканот", бидејќи било сосема сигурно дека ако Франција биде поразена, „а Балканот сè уште неутрален...“, ќе исчезнат и последните изгледи тој да се приклучи на страната на Британците.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Набрзо уследил падот на Франција и на другите европски држави, а британските аналитичари биле сосема во право, имајќи го предвид воениот потенцијал на Велика Британија, дека имало "малку надеж оти сега некако ќе можеме да влијаеме на балканските услови".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)