последен (прид.) - кат (имн.)

Низ стаклената врата навистина се наѕира хидрауличниот лифт што води до последниот кат, каде што Дерил Хана се криеше помеѓу куклите на Џеј Еф Себастијан...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Набргу по заминувањето на внучињата на Петра и Костадина, работниците слегоа до последниот кат, Пелагија и другите го симнаа сето ѓубре од најгорниот кат до првиот, го собраа на куп пред самата зграда и додека ги зачистуваа пенџерињата и вратите, поминаа неколку комисии врзани со приемот на зградата, па почнаа да се точкаат сопствениците на становите.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Пилотот го проследува симнувањето на лифтот, потоа уморен го искачува последниот кат.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Овој пат, собата е на четвртиот, последен кат на хотелот.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Се качив на последниот кат, како што ми рече, и заѕвонив на ѕвончето.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
На последниот кат од зградите ја отвораше устата и го испушташе најголемиот и најплачливиот здив.
„Омајнина“ од Афродита Николова (2010)