последен (прид.) - коала (имн.)

Додека не сфатив дека работата не е во слушањето Ами во пренесувањето на туѓите муабети во надлежните служби А мене тоа ниту ми паднало ниту ќе ми падне на ум Што чув не чув што видов не видов Ако некој баш запне да се интересира Може само да му додадам дека тој за кого прашува Тукушто помина оттука и воопшто не го видов и точка Така било така и ќе биде до последната коала Оти во нашиот род никогаш немало и нема ни да има кодоши Објективните биолошки околности се такви
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)