последен (прид.) - куршум (имн.)

Едните ликуваа, другите со последниот истрел се бранеа, а кога го снемува и последниот куршум, тогаш и во рацете на девојките-борци болснува ножот, камата, штикот...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
До последниот здив, до последниот куршум, цедејќи ја од себе и последната капка крв - јуначки да изгинеме сите во име на ... зашто нема што да изгубиме освен главата што не мисли...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Наредувам позициите да се бранат до последниот човек, до последниот куршум, последниот здив.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Чувствувајќи го до себеси својот војвода, востаниците отстојуваа до последен здив и се биеја до последен куршум. Но куршумите намалуваа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Но, каде застанав: ни останува, значи, многу малку време, можеби два часа - да отидеме во воздух сосе целата зграда, или последниот куршум да си го струполиме себе си во муцката, или пак да ѝ се предадеме на полицијата. (на Боб) Без треперење изговорив прилично долга реченица.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Му го степав последниот куршум.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Го чувствуваше сиот ризик на последниот куршум, но достојуваше.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се втурнав вкуќи, откако се спасив од последните куршуми.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во тебе првиот и последниот куршум – небаре си подвижна мета.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)