последен (прид.) - лист (имн.)

Долго, долго останав загледан во последниот лист на еден од многуте сиџили.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Пашата сети како се одронува и последниот лист од тажното дрво на неговиот живот...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
„На мое големо изненадување, на задната страна од последниот лист на жизнеписот, се наоѓаше залепен со малку смола, колку да држи, самиот султанов ферман издаден на барање на Никола Спиро Поцо во врска со собирањето на даноците. Ферманот беше преведен.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Да, но тој испрати под туѓо, нечие , чие и да било име. не го завлече, го стутка и последниот лист.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Така селото остана и без поп, туку затоа остана Лазо вошливиот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- А кај нас, - се одгласи жена од другиот крај - кај нас во листопад, на Митровден, на Копанче падна последниот лист од лозата на Петревци.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Крстовскиот ги облече во црно Ристовци.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Премреже падна врз Крстовци на Свето Богојавление.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И последните лисја се одронаа од пазувите на спасителот, и оро развиори А ноќта ко уплашена срна се стутка зад голите карпи Росно утро, врз моето чело, во хаосот на мислата...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)