последен (прид.) - миг (имн.)

Сините, па зеленикави води на реката добиваа бели подвижни брегови, а од јужното море беа долетани галеби. Тоа беа последните мигови на нашиот детски рај со козите...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Да, си дозволуваме да живееме во радост, пред да нѐ зграпчи несреќниот крај на козите, не сакајќи да ги пропуштиме последните мигови среќа со нив.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Но мене ни во тој последен миг од моето умирање претседателот на Републиката не ме заборавил.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Надежта која, иако пројавена во последните мигови, секогаш нѐ поттикнува да направиме уште еден чекор, да се надминеме.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тато во последен миг скокна на перонот.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Левата, рече Емилија, и ние двајцата се мушнавме зад неа, во последен миг, кога вратата од другиот крај на собата веќе се отвораше.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Во последниот миг - нараснатата до безумие болка, во градите на Јакима, го натера, да му го даде на својот побратим и најскапото, што му ја топлеше овде душата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тоа се случуваше додека го слушав неговиот јасен глас, од последниот миг помеѓу крајот на животот и почетокот на смртта.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Татко, навистина, не очекуваше, до последниот миг, да биде примен за судија.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Посликовито кажано, блиските и драги медиски посредници тој ги приближува, здружува и меѓусебно ги поврзува, а одлуката да работи токму во одреден медиј како да е плод на случајност, евентуално, на промислување во последен миг.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Затоа, на прв поглед, постои конфузија при воочување на специфичностите на различните видови на Џармановата експресија: се чини дека тој слика филмови, монтира книги, пишува слики или проектира видео-спотови. okno.mk | Margina #11-12 [1994] 197 Недоумиците од овој вид многу бргу се губат ако на Џарман-творецот му се пристапи како на манирист од епохата на постмодернизмот (и на останатите пост- изми).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Постојат живот и филмови пред филмот за Караваџо, и се одвиваат живот и филмови после електричарскиот “biopic” за маниристот и криминалецот во една иста личност.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Надмината судба во последен миг за спас.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Членовите на нашата делегација по некаква инер­ција на мрзеливоста на духот, во линија на најмал отпор беа готови да аплаудираат, но сепак нешто ги задржа во последниот миг.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Тој по мачниот живот што го мина, неколку пати соочувајќи се со смртта и со пеколни маки, во последен миг спасен пред да биде целосно жив закопан, им порачуваше да ги сакаат родната земја и јазикот до страдање, да не им се срди срцето против Албанија дури и кога ќе страдаат невини, татковината останува татковина, дури кога убива.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Но веднаш по будењето, вчерашната празнина, завчерашната, или онаа од последниот миг пред да се разбуди, ќе почнеше да ја истиснува некаквата „исполнетост“ која кришим успеала да се вовлече во неговото битие, во мигот кога спиел.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Во последниот миг, пред да затвори очи, виде како течат нашите солзи.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Не се обидував да видам во моите мисли како лежи едвај подвижен, не сакав да слушнам како последните капки сила го принудуваат да вдишува и издишува, не сакав да знам ни што му врвело низ мислите во тие мигови – дали го мачела помислата на сестрите кои постојано се јавувале во неговиот дом и молеле да се најде начин да ја напуштат Виена, дали имал грижа на совеста од претпоставувањето дека во логорите на смртта ќе ги приберат и нив.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Додека чекоревме по градот, Рајнер гледаше во парчето хартија кое покажуваше по кои улици треба да се движиме за да стигнеме до домот на неговата мајка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Не се обидував да ги замислам последните мигови од неговиот живот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во тој миг да ни кажеше некој дека тоа е нашиот последен миг на земјата, а дека потоа зад нас нема да остане никаква трага, тоа немаше да нѐ оттргне од нашиот занес, затоа што верувавме дека она што е меѓу нас, она што од нас двајцата прави едно, е вечно, и дека, ако ни биде одземена материјата, сепак ќе продолжиме онаму каде што силите на природата и законите на трошноста и минливоста немаат моќ, и каде што човечката душа е посилна од сите небесни тела, затоа што тие се осудени еден ден, милиони години по својата креација, да згинат, а она парче душа во кое се вткаени нашиот занес и копнеж ќе трае и кога од сета материја на универзумот нема да остане ниту прашинка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Не се обидував да ги замислам последните мигови од неговиот живот, доволно ми беше што дознав дека е мртов, дека е смирен, без телесна болка, без душевна јанѕа, затоа што сигурно на оној свет душата се ослободува од сите тегобности и самообвинувања.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Само додека е овде душата не може во потполност да се увери себеси дека сѐ е онака како што треба да биде, и дека го сторила она што морала да го стори, за да исполни некој повисок, нам неодгатлив план.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Наспроти нана ми, која од секогаш (а и денес, во деветтата деценија од животот) задишана, со рафални реченици без точка, стига во последен миг да исечка и додаде домати во тенџерето, да ја избрише трошката прашина на најгорната полица во шпајзот или пред легнување, вешто да ме истрие со комова за превентива, дедо ми беше убеден дека брзината победува секакво знаење и задоволство. „Ќефот“ е најважен.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Во последниот миг го заврте огромниот волан на десно, удирајќи во познатата слаткарница каде се правеше најдобрата боза.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Бобок мене не ме буни - ете го, бобок, се покажа!
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Разврат на такво место, разврат на последните надежи, разврат на свенатите и гнили трупови и - дури не штедејќи ги ниту последните мигови на сознанието!
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Ај ој сега!” и го снема од кај Камен мост нагоре по Солунска, а јас, сѐ уште несвесен за сé она што ми се случи, скоро механички доталкав до Железничката станица и во последен миг го фатив попладневниот воз за Скопје.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Сѐ, што му остануваше, беше тоа да фрли уште еднаш, а после кога виде дека ѓаволски не погодил, можеше уште да го донаправи оној свој започнат чекор и да се засолне зад дебелото стебло на чамот до себе, и уште веднаш се покажа дека беше последниот миг за тоа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше една мисла, што му текна дури во последниот миг пред да почне да бега.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И вдовецот копнеел по женска топлина или по мајка на своите две деца во последен миг спасени од огнот на запалената куќа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Нека те носи ѓаволот. И отишол оставајќи го селскиот старешина, ако Доце Срменков бил тоа, да ѝ се заканува на дружината, потоа да стои пред прагот на Фиданкината куќа и да се врти околу себе во страв да не биде изненаден од друг натрапник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сетне веднаш си заминуваше и ќе се вратеше најмногу по два дни, за да побара малку поголема сума од вратената.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ниту цело буре вино не ќе го одвратеше на излегување, во последен миг, пак да ѕирне низ вратата и да праша „Туку, можеш ли да ми помогнеш, само за кратко време...?“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Момчаците во јамата, сите од Шумшул- град, песната на Додо ја прифаќаа како молитва во храм.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Тогаш, во последните мигови на работниот ден, ќе зачкрипеше чаркот над вертикалниот отвор низ кој се гледаше малку небо.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Тоа се случуваше во последните есенски денови на 2004 година кога Јасер Арафат донесен од Рамалах со социјален француски воен авион во воената болница Перси во Кламар, близу Париз, агонично ги минуваше последните мигови од животот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И најпосле непредвидено, како што само судбината умее да ги режира настаните, наметнувајќи ја случајноста како апсолутен арбитер, настапи времето, дојде неочекувано мигот кога катарзично се ослободуваше времето минато крај Арафат во Картагина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
На масата ќе ја забележат чашката со сѐ уште топол чај, омилен пијалок на Арафат, но тој се спасува во последен миг и заминува во Јордан, потоа во Каиро, кај што ќе се сретне со Титовиот пријател Насер.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И едно утро, во Рамалах, идната престолнина на неговата палестинска државичка, израелските полициски сили ќе упаднат во куќата во која престојувал Арафат.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се бореше во тие последни мигови, ти, вечен борец и херој.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Кога ќе остарат, последните мигови од својот живот сакаат да ги поминат близу родната им грутка.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Во последниот миг, таму десно, ја виде потемнетата Ангелина како, криејќи си ги очите, се качува во еден од вагоните.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
По­крај рационалната одлука, донесена во последниот миг, по укажувањето на Гури Порадеци дека се работи за живот или за смрт, ако не се избега преку граница, кај Татко тоа будеше некаков внатрешен порив, да ѝ се предаде на фуга­та на егзилот, во потрага по нови простори, по нови времиња, по првото бегство во животот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Градот на прагот на Азија, но и на влезот во Европа, ги живееше последните мигови на својата belle époque.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Но тој добро знаеше што можело да се случи, таа кобна ноќ, со семејството, кога Мајка, и покрај советите на Татко да останат во подрумот, во последниот миг замина со нас, децата, кај свекрвата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И бундата и машинката беа убаво спакувани, само чекаа за да бидат земени во последниот миг. Тоа се случи.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во последен миг, ги сменив двете последни цифри (наместо 86,93).
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
2. Мојата приказна „Стасав во последен миг, но сепак го преминав прагот на авлијата 28и премрев, мислам, одеднаш: - самрачна светлост, неспокоен сјај и јарка нестивната страст која се одразува врз сѐ и во сѐ и сѐ превреднува, како премрежје - сетне, интензивен спој вибрации збрани на едно место налик на грст значења вкрстени во еден единствен збор (о, парадоксално блаженство на хомонимијата - си реков и почувствував дека допираат до тебе моите помисли, надтежнати од профаност занесени по светост изострени од долгото 'рвење меѓу принудата и поривот меѓу надворешното и внатрешното!)
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
2. Мојата приказна „Стасав во последен миг, но сепак го преминав прагот на авлијата 28и премрев, мислам, одеднаш: - самрачна светлост, неспокоен сјај и јарка нестивната страст која се одразува врз сѐ и во сѐ и сѐ превреднува, како премрежје - сетне, интензивен спој вибрации збрани на едно место налик на грст значења вкрстени во еден единствен збор (о, парадоксално блаженство на хомонимијата - си реков и почувствував дека допираат до тебе моите помисли, надтежнати од профаност занесени по светост изострени од долгото 'рвење меѓу принудата и поривот меѓу надворешното и внатрешното!)
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Ќе се фрлиш за прв пат главечки, ќе пливаш само за себе butterfly, ќе плуташ, ќе нуркаш оддалеченоста од брегот ќе ја одмеруваш по пробивот на сонцето, ако го има по работата на срцето по подноктиците перките и алгите по трагите од морските пци ќе ја унапредуваш техниката отскок на површината во последен миг неверна кон сѐ кон животот посебно: ќе палиш огин и ќе голташ жар и пепел во ждрелата на оние кои во тебе гледаат неидентифициран плод, увод во гревот зашто другите, одбраните, некаде далеку ѕемнат во истите ноќи, подоткриени јазикот го вадат од мрзеливи легални усни и скришум ги бришат своите благоглаголливи:
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
А ние ја имаме среќата, (за малку бога да го спомнеше, но во последниот миг се премисли, па сепак беше ова партиски состанок), од Езерово да истекува река.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Во последниот миг на сонот некој го запраша за името.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
„Наваму“, рече Григзби во последен миг, „секој чувствува кога ќе му се пружи шансата, гледаш, Том? Ајде сега!“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Каде јурат каубоите и дали некаде се гледа американската коњица што јури преку брегот за да пристигне на помош во последниот миг?“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Дури во последниот миг, пред да влезе, се сети да го извлече змиулчето од џебот; тоа молскавично се измолкна низ тротоарот и се вовлече во ѕидот на куќата.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Тие за него создадоа слика на борбен бунтовник што се бори до последниот миг.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Ја исполнува ливадата и шумата и по други беспаќа дотекуваат нови бранови жени и мажи натоварени само со тоа што во последен миг успеаја да дигнат од дома и тераат пред себе стока.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)