последен (прид.) - момент (имн.)

Па тие будали без мене ќе го затвораат капакот, си реков и срипав, потрчав, во последен момент се фатив за сандакот, но доживеав нешто нечујно и невидено, во сопствената куќа, со сопствениот мртовечки сандак.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Во последен момент ми текна.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Стасав во последен момент, кога ги разместуваа цвеќињата околу моето тело некои убави жени со напнати дојки, високи задници и долги снажни нозе што нудеа отпор што предивикува на совладување.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Аранжманот за Кан беше направен во последен момент, као и сето останато што го правевме.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Таа пролет го однесовме Девојките од челзи на канскиот фестивал - го однесовме и го вративме назад, бидејќи не успеавме да го прикажеме.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Мрзеливо и многу бавно ги спушта Ропотамо своите води во Црно Море, како да сака до последен момент да си поигра со нив.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во другиот агол, како земна противтежа на таа симболика, претставена е оваа сцена: комшиската мечка се искачила на плотот со намера да прерипне ваму, но во последниот момент забележала дека долу подмолно ја демне песот Шаро, готов да ја задави.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Во последните моменти му доаѓа неговата највисока и единствена хермафродитска љубовница: Идејата; тука, тој е крал на духовната Европа. .
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Првата двојка тивко разговараше: — Тој, со големата брада и долгите, надолу наведени мустаќи, тој е војводата Петре Ацев, — му објаснуваше Шаќир на Толета и го држеше под десната мишка, очигледно претпазливо, да не му текне во последниот момент да се пишмани и да се врати.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Да бара ли некои привилегии за себе и четниците, или пак да се предаде на „милост и немилост" на овој нов господар на неговите мариовски планини и села?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Бимбашијата го собра аскерот и до самиот мрак вршеше иследување и ги бараше виновниците за неуспехот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
По бомбашите се извлекоа сите четници и војводи со исклучок на Лаќи од Магарево, Тодор од Арматуш, кои во последниот момент паднаа малку подолу од Розов.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А тој му прати прекорен поглед на младичот и сакаше да пречекори кон влезот во автобусот. 46 okno.mk Младичот виде како оние двајца во бели мантили во последниот момент стрчнаа и за час се најдоа од двете страни на човекот во сина облека.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Нема да ви ги опишувам последните моменти на госпоѓицата.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Можеби okno.mk | Margina #26-28 [1995] 118 ќе се повлече во последен момент.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Работеше до последниот момент на својот живот.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Баге заустува да му се спротистави: дека син му не е педер, дека е нормален, дека е женет, дека има дете, дека во нивната семејна лоза нема ни намек на самоубиствен ген, дека сета таа работа е наместена, изрежирана и подметната од некои мрачни сили што се испилија во овој наш плурализам (беше готов да плукне притоа, но во последен момент се воздржа), дека неговиот син е нивна невина жртва и дека токму тие како служба се должни да ги откријат, да ги казнат, а на синот негов да му го обелат образот, макар и мртов.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Младичот виде како оние двајца во бели мантили во последниот момент стрчнаа и за час се најдоа од двете страни на човекот во сина облека.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Сепак, во последниот момент, пред самото излегување, по силно двоумење во себе, му се доближив повторно, но сепак на крајот се предомислив, одложив за еден ден да се раздвижи една друга линија на проклетото полициско прогонување...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Но и без тоа тој бил повикан во последен момент од Водачот да реферира за иднината на Атеистичкиот музеј.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ќе изумев и неколку важни податоци: апостолскиот легат беше истеран од земјата, спаси глава во последен момент, ама не спасија уште двајца виновни бискупи кои беа стрелани, покрај многу други католички свештеници...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Не само што таблото зависи од теми кои Дишан ги начнал во претходните свои дела, туку и во финалната верзија тој свесно ги отстранил сите преостанати лични референци во „Етант доне...“ и неколку години по конечното прекинување на нивната врска (нејзиниот маж го преселил целото семејство во Бразил) Дишан изгледа дека го сменил идентитетот на женската фигура, менувајќи ѝ ја бојата на косата така што повеќе да одговара на бојата на косата на неговата идна жена Алексина Матис (позната како Тини), со која се оженил во 1954.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Изложбата во Палацо Граси не ќе беше можна без потполната соработка на мадам Дишан, која се заинтересира и во последен момент издејствува позајмици на некои од најважните експонати на оваа изложба.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Тој во последниот момент бил вклучен во гемиџиската акција.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Директорот успеал во последниот момент со семејството да излезе и да се засолни во католичката мисија на сестрите-лазаристки близу до Банката.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
А таму има толку многу птици, неверојатно црвени дебели врапци, златки жолти како кредата во четврто одделение кога доби петка и учителката ⥊ дозволи да го напише на табла списокот на правописни правила за цела седмица.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Кога во недела преминуваат преку мостот, таа опсесивно се труди да го слушне возот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Го приготвуваат во последен момент, никој не знае точно кога.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Сепак во последен момент го одбра тивкото одмавнување со главата, тој културолошки кодиран, и донекаде културен гест за „не“ и, понекогаш, „не сакам“ и „немам“.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Можеби изневериле на клетвата? Се уплашиле во последен момент?
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Во последниот момент, кога Антица ја вади тапата од шишенцето и ја фрла, на вратата се појавува Илија горд и силен.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Николаќи пак, кој што стои до Антица, целиот се тресе од поразот кој што го доживува и, барајќи го погледот на Антица, целиот се искривува така што во последниот момент изгубува равнотежа и паѓа пред нозете нејзини, но се дочекува на рацете и пак погледот му продолжува во очите од Антица.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Во некој момент сигурно забележала, застанала молкум да ме набљудува како и самата нешто да очекува; веќе беше невозможно да не ме издаде напорот да го продолжам тоа затишје, да не го прифатам тоа пак да се вратат наспроти Мари-Клод, против Мари-Клод која не можеше да разбере, која молчешкум ме гледаше исчекувајќи; да се пие и пуши и да се зборува со неа, за до последниот момент да се одбрани слаткиот интеррегнум без пајаците; да се запознае нејзиниот едноставен живот работа-дома и сестра студентка и алергиите; да се сака, така да се посакува тој црн прамен што ѝ го чешла челото, да се сака таа како цел, како стварно последна станица на последниот метро во животот, а тогаш - бунар, тоа растојание од мојот стол до онаа клупа каде што можевме да се љубиме, кадешто мојата уста можеше да го испие првиот мирис на Мари-Клод пред во прегратка да ја однесам до нејзината куќа, пред да се качиме низ оние нејзини скали и најпосле соблекувајќи ја од себе толкавата облека и толкавото чекање.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ако Ана се симне на Монпарнас-Бјенвени моите шанси се минимални; како да не се сетам на Паула (Офелија) таму кадешто можната четворократна врска го истенчува секое предвидување; меѓутоа, оној ден со Паула (Офелија) бесмислено бев уверен дека ќе се поклопиме, до последниот момент одев на три метри од таа бавна и плавокоса жена облечена како во суво лисје, па затоа нејзиното вртење надесно ме плесна по лицето како камшик.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Љубовниците успеваат да се сретнат во последен момент и Пол умира на рацете на Марсиа.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Останува последниот проблем, покренат во последниот момент од Арафат.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Конечниот договор беше блиску.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Остануваше неизвесност до последниот момент кој ќе биде четвртиот партнер...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
За време повлекувањето на германските фашистички војски во 1944 година, мостот бил миниран, но во последен момент спасен.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски, загледан во брзите води, заземајќи поза за да каже нешто значајно, филозофско, му рече на Татко: Што е животот, пријателе, зар не е самото време, што тече како водата на реката, а луѓето не престануваат да бидат заложници на нивното минато?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кога конечно газдата на арабаџиите не пушти глас дека ќе дојде, старите играчи очекуваа да се појави некој од повиканите нови играчи, кои, меѓутоа, го немаа потврдено своето конечно учество, па не се знаеше до последниот момент кој би можел да дојде.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но во последниот момент, додека толпата сѐ уште ги приковуваше на место, нејзината рака ја побара неговата и набрзина ја стегна.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но, во последен момент службеничката на шалтерот ме повика и ми рече дека, сепак, има уште едно слободно место во авионот.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Заборавил, а во последен момент ќе отрча во галоп на пошта за да ти прати телеграма.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Со зарипнат глас, во последниот момент ѝ рече: - Јави се.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Едо во последен момент сепак се повлече слизнувајќи се со целото тело колку што може подалеку од неа за да се доизцеди додека левиот образ и лежеше на стомакот, под дојките што од страна и ги држеше во дланките напојувајќи се со ненаситна милина.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Те оправдувам, дури и да заговараш во последен момент малку дивина, неосквернето својство на природата (кајшто човечка нога не стапнала!) малку самољубие, „соба за себе“ морски залив колку да не заминеш од овој свет пренесена жедна преку вода - ааах, Доме мој сладок!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Србин во последниот момент свика: - Браќа!
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Кога ѝ застанаа вака чудно облечени, во бугарски алишта, распашани, со двајца стражари зад нив, таа се исплаши, одстапи и сакаше да побегне, но во последниот момент ги препозна.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
И тоа само поради можната беззначајна случајност, дека скапоценава хартија пристигнала во последен момент?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Во исфрлениот вовед кој претставуваше интегрален дел на соопштението, (се чини дека авторот во последен момент заклучил оти таквиот приод кон темата го нарушува научниот пристап), професорот Седларски објаснува дека мотивот за јавно промовирање на материјата што му ја нуди на ценетиот собир бил многу животен, што значи бил поттикнат од конкретни случувања.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Зар се сетиле на него во последен момент? „Глупости, глупости“ прошепоти и се насмеа.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Умее тој да се измолкне во последен момент.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Тоа е друго нешто. Не станува збор за противречност.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Се разбира се случува понекогаш да пристигнам и во последен момент!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А Анатолиј, иако во последен момент успеав да ја тргнам раката, продолжи да ме убедува дека на светов немало безгрешници.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Во последен момент го наговорив да дојде.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Во последен момент се извлече од стапицата што мислев дека му ја наместив.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Југославија, која беше создадена и со силно влијание на францускиот претседател на Републиката, Жорж Клемансо, до последните моменти на своето постоење беше бранета од јакобинистичка Франција.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Во последен момент се фрли на земја.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во последен момент го одбегна силниот удар со ногата. Се преврте дватрипати.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Успеваше итро да нѐ намами така што ни се чинеше оти еве ја фативме и во последниот момент ќе отскокнеше настрана и ќе ни побегнеше, враќајќи ја играта на самиот почеток.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
ДИМИТРИЈА: И како тоа те викаат во последен момент и ти трчаш на прием, а дома имаш празник.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
- Сакаше да плукне, но се воздржа во последен момент.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ме спасиле во последен момент, кога веќе алигаторот се подготвувал да ме повлече во длабочините.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ме спаси во последен момент ѕвонењето на влезната врата.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Се нервираше затоа што една од манекенките му откажа во последен момент.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Од почетокот до последниот момент.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)