последен (прид.) - настан (имн.)

Сепак ги влечеле колилата оставајќи зад себе меки лепешки и издржувајќи ги животинските патила; луѓето ги хранеле со силата на својата тврдоглавост и со безнадежноста на иднината од која не можела да прожугне ни дива чекутина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Гавранот беше претпазлив, иако претчувствуваше; стоеше на гола гранка и со гракање го известуваше својот црн род за последниот настан.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Овој последниот настан е... делува повеќе како приказна отколку како факт.  Б: Мислите на колежот во Гвајана?  К: Да.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Последните настани ја принудија повторно да се врати на стариот порок.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Се чекорело тетераво, никој не седел на двоколка, дури ни чкрботливиот Симон Наконтик - Господи севишен, повторувал, зошто не останав дома и не си го чекав на ониште судниот ден како што им доликува на причестените старци? - а Арсо Арнаутче, со секакви шамии врз окото преку кое минал турски јатаган, се потпирал со рака врз ѕидот на двоколката и само со една голема и засолзена црнка гледал во призрачноста на случките што останале на патот, најмногу во последниот настан во кој загинал од две стрелби пркосниот Борис Калпак.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)