последен (прид.) - облик (имн.)

Нивното искрено и ненаметливо пријателство, покрај верните семејства, беше еден од последните облици на среќа што им преостануваше во животот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кога вистински им беше потребна во животот, утеха бараа во самотијата и тишината на книгите во нивните библиотеки, која ја нарушуваше гласот на свртените страници, и уште потешко им стануваше, па тие се состануваа и ги поврзуваа гласовите од нивните книги во симфонија на нивното моќно пријателство, составено од безброј нитки, составувајќи го мозаикот на балканската вистина.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)