последен (прид.) - остаток (имн.)

Со тогашниот занес продолжи: Најпрвин конечно ќе треба да ги ослободиме нашите внуци и потомци од последните остатоци во свеста на балканскиот синдром на пеколната неслога.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Можеме да започнеме со насловите во весниците, со жалопојските во уводниците и во контакт- емисиите: дека нашиот едукативен систем се распаѓа; дека нашите студенти се сѐ помалку способни да ги читаат и разбираат зададените текстови; дека tag-line комуникациите, од некои наречени “bite speak”, ги уништи последните остатоци од дискурс во нашиот јавен и политички живот и од инстант- докторите и медиумските консултанти направи наши нови шамани; дека додека комуникациската империја се бореше за глобална хегемонија, издаваштвото падна под власта на „нултото салдо“, и дека ерата на „моќни трендови“ е пред нас; дека фондовите за уметност се кратат на сите страни, додека самата уметност изгледа преживува длабока криза на безначајност - и така натаму.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Кога се крева завесата Митре е испружен на миндерот потпрен на една перница и задуман пуши, додека Мара ги прибира последните остатоци од голема софра на која вечерале жетварки. Време околу дваесет и три часот.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Беа само ретки и сосема ситни снежинки, како да се дотресуваа од дното на небото последните остатоци.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Пронаоѓач на ready made, професионален демобилизатор на артистичките креда и на наследниот фолклор, човекот кој ја потресе уметноста на крајот на векот влезе во Историјата носејќи ја маската на теориски џелат, леден егзекутор како емајлот на неговата Фонтана, ладнокрвен убиец на последните остатоци од чувствата и инспирацијата во уметноста.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Солунска номер 10, има неблагонадежни, но Евреи нема.  Од тие денови, се изгубија и последните остатоци на мирот и спокојот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Арафат живеел и во многу помачни услови.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Живееше со последните остатоци од својата дотогаш неуништлива надеж.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Крај на империите Сведоци сме на крајот на империите, но не само на крајот на советската туку и на американската империја, а без сомневање исчезнува и последниот остаток од француското колонијално царство, а со него и структурите создадени во Африка.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ветерот повремено толку силно бие што не ги носи само зрната песок, туку отцепува парчиња и од самото Јас, па тоа Јас се чувствува немоќно, му се чини дека ветерот ќе го понесе и него заедно со песокта, ќе го згасне уште пред да бидат одвеани сите зрнца песок кои му биле доделени за до смртта, и тогаш Јас бара некое друго Јас, некои други Јас, со кои ќе се движи заедно додека околу нив беснее ветерот на времето; има потреба од тие други Јас не како поткрепа за преживување во материјата, туку како поткрепа за преживување на она најсуштественото од тоа Јас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Уште со првите проблесоци на свеста кај детето започнува едно тегобно чувство за времето, како нејасно претчувство дека постоењето е составено од зрна песок кои ги развева ветерот, и дека единствено она чувство за себе, за Јас, нѐ држи навидум целосни, сѐ додека не биде одвеано и последното зрнце песок, тој последен остаток од животот, со кое и Јас ќе згасне, а зад нас ќе остане само ветерот на времето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И така кога заживеавме во градот и кога ги однесоа последните остатоци од војната, во нас децата се будеше желбата, или тоа беа пориви на неопределен инстинкт по поразите нешто да освојуваме.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
- Не ти пречи овој мирис од нафта? - го извлеков од себе последниот остаток од добрата волја додека седнував.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)