последен (прид.) - посета (имн.)

Всушност толку биле на број и нејзините доаѓања во земјава.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
При последната посета таа ме уверуваше дека, откако е во Канада, ме има посетено точно четирипати.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во текот на годините тој гордо присуствуваше барем на десетина вакви отворања додека угледот на Џоен полека но сигурно растеше до својето сегашно угодно ниво меѓу колекционерите во областа; ова секако ќе му биде последно, како што и многу други неодам­нешни настани нужно беа, што тој го сфаќаше или едновремено со нив или ретроспективно: неговото последно лето во нивната викендичка на островот Фенвик, последниот метеорски дожд, последниот сет тенис кога неговата сла­бост ескалираше, последната величествена октомвриска промена на бојата на лисјата во „нивната” долина, а сега, по сѐ изгледа, и неговата последна посета на овој убав град.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
При последната посета на Даскалов во разговорот беа присутни сите овие глупости.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се сетив првин на Тунис, при последната посета на Франсоа Митеран, кога харизматичниот француски претседател му оддаваше признание на картагинскиот Југурта, но и на големиот франкофон, пријател на Франција.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Мајка ми кажа дека Татко пребарувал саноќ по книгите и по сиџилите што му ги донесе, при последната посета, Сокол Мечевски, од Архивот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Пред четири години, при последната посета на Москва, не им се јавив, како обично, на моите московски пријатели.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)