последен (прид.) - преселба (имн.)

При последната преселба на семејството, ние многу, многу се оддалечивме од животот во каталогот за кој ни зборуваше Мајка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мајка, кутрата, при последната преселба, го загуби својот каталог.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Уште при последната преселба, кога се вселивме во оваа куќа крај реката, Татко реши своите книги да ги смести во малото одајче крај чардакот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Многу Таткови книги, речиси негибнати, ја издржаа последната преселба.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)