последен (прид.) - разговор (имн.)

Не можеше да го заборави последниот разговор со Татко, токму на тој чардак.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
- Поодамна, последниот разговор нѝ беше околу некакво посвојување. - Да! Да, се сеќавам. - му одговори Саво.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Најпосле јас сакам да мислам на своето утре.“ Брат му беше изненаден. „Секако, не си песок“, рече како да го заборавил нивниот последен разговор. „Седи.“ Седна и ја впи канцеларијата во својата свест еднаш за секогаш наслутувајќи зад студените ѕидови строги и непознати дамари.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Отец Симеон бараше во познато лице нешто, брчка или боја, грч некој, што ќе го откриеше сеќавањето на нивниот последен разговор.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
По стиснатите веѓи и брчките околу усните на богословот знаеше дека ова не е нивен последен разговор.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Па и да бев говедо затоа што ѝ ја затнав шолјата, зар сум дебел?
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
По последниот разговор, во собата одново завладеа непријатната тишина, но овојпат морав некако да ја нарушам поради тоа што ако ништо друго, ќе одекнеше уште посилно бунењето на моите црева, па се поднасмеав и истакнав дека навистина тетка Олга е најчистата жена што ја познавам и дека заслужува сигурно и оваа година да победи, а и дека оваа супа што ја гледам пред мене е веројатно највкусната супа на светот и свечено ја наполнив лажицата, ставајќи огромно парче бело месо во устата потопено во ориз и во солена вода.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Татко се сети на последниот разговор со Чанга за можната судбина на козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Татко ми во еден од последните разговори, претпостави дека најодговорниот за козјото прашање е можеби надвор од земјата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Беше конечно убеден дека е таму, кога по непреспиената ноќ и грижливото трагање по книгите, му светна во умот една мисла на Чанга од нивните последни разговори среде овие книги. ***
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)