последен (прид.) - реченица (имн.)

Последната реченица што бев ја запишал гласеше: „Има нешто жестоко... Не можеш да ја видиш опачината. Не можеш да ѕирнеш од внатрешната страна“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Погледнав тогаш во машината, и го видов воврен во валјакот белиот лист, со последната реченица напишана на него: „Мислата на бунарот ми стана принудна“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ја погледна последната реченица на екранот, онаа што ја напиша пред да почне да размислува за него: „Мирниот соживот на Македонците и Албанците ќе зависи од тоа дали двете страни ќе зборуваат помалку за поделба на земјата, а повеќе за споделување на одговорностите.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
И тоа беше сѐ што се знаеше, оти второто ливче од претсмртните сочиненија на отец Мида беше нецелосно, а последната реченица незавршена.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Кога човек го гледа тој ѓавол, коските му штракаат, и посакува да се скрие од него, на место невидливо, толку невидливо што...“, и ја изговорив последната реченица на пречесен Мида, и без да знам, а узнав подоцна, кога стигна времето, ја решив тајната на записот!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И го видов во моето видение и него: мал, расклештен, со опашка грозна, влакнест како пајак, во центарот на малата апсида: отстранет, прогонет од небото, од таванот на одајата мрачна, но сепак тука, блиску, како да чека да се врати, како да е привремено тргнат на страна; прогонет од големото, тој чекаше како пајак влакнест во своето мало небо, оти небото на две беше поделено, на големо и мало; си чекаше таму, сам во својата вселена, со тие негови вжарени очи на гревот, страста и блудот; и во тие вжарени очи јас ја видов, во откровението мое, сета историја на светот, вековите со страдања, казни, измачувања, распнувања, убиства и кражби, блудничења и невери, потоци крв и солзи видов поради страсти јавно искажани, поради создавање вселени мали, поради ловот на малите и неспособните во мрежите на големите, силните и отровните; и видов дека и Филозофот гледа, и дека мисли исто што и јас, и дека се обидува да се сети како гласеше последната реченица со која завршуваа претсмртните ливчиња на отец Мида, па се разбравме со поглед и јас реков:
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Последната реченица беше отровна; таа беше мојот пораз таа вечер; тие едноставни, вистинити зборови ја засенија мојата предност што ја направив со сексуалното понижување на Луција.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Лествичникот ништо не сфаќаше од тие наши погледи, но се вцрви од разлози што подоцна ги узнав, оти не знаеше зошто ја спомнувам последната реченица на татко му, а не сакаше ништо од татко му на друг да даде, да дозволи да се служи некој со татковината негова земна.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ја поттргнувам машината за пишување со листот во неа и, онака, замислено, гледам во последната реченица од незавршениот текст: „Тука се поставува прашањето...“
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Пред три години овие последниве реченици не би можел ни да ги изговорам.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Посебно со последната реченица: „Ве поздравува мојата Марија“.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Притоа во онаа моја последна реченица посебно бев нагласил дека спомнатиот наш разумен предок всушност уште тогаш се заложил да се отфрли неконтролираната моќ и да ѝ се пријде на вистината со добриот збор, со учество на секој поединец во создавањето на таа питома разумност.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ете, и тоа е наша задача, реков, да ја негуваме таа питома разумност...
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
ЛУКОВ: (Уште додека Фезлиев ги зборува последните реченици, излегува кон кујната и токму со последниот збор на Фезлиев се враќа со шише во раката. Го остава, со удир по масата, пред Фезлиев.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Последната реченица во Портретот на уметникот во младост упатува на таа замена, која е направена без страв и чувство на вина: “27 април: Стар мој татко, стар мајстору, поддржи ме сега и секогаш на добро место”.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Наводот од “Tlon, Uqbar, Orbis Tertius”, потекнува од списокот на различните филозофски школи во Укбар.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)