последен (прид.) - совет (имн.)

Мојата Мајка, небаре со преземениот татков глас, ми ги даваше последните совети со нејзиниот мајчин јазик на тишината: Варди се сине, насекаде демнат опасности!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Го ослободија од платнениот оклоп и го внесоа во бела самица со последен совет: „Биди мирен, Исусе. За твое добро.“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Само во советите на чичко Видан нема стапици и нејаснотии: „Не давај им да те шетаат од планина на планина“, беше предмалку неговиот последен совет.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
На тргнување, Карче му го даде на сина си последниот совет: - Внимавај, охриѓани се луѓе салтанатлии...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)