последен (прид.) - сон (имн.)

Мојата Мајка, тихиот градинар на моите последни соништа, на нашата заедничка градина на тишината, идеше често и милозвучно ми зборуваше со зборови кои не постоеја во ниеден друг јазик, зборови на јазик на само нас двајцата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Во крвавиот траг на боиштето остана само едно од тие изребрени суви тела, што се превиваше во морничаво, жилаво умирање, продолжувајќи за сето време да замавнува во празнината со своите задни нозе, чиниш и во своите последни соништа продолжуваше да бега, некаде во некоја шума, некаде меѓу некои стебла, однесувајќи ја и од онаа страна на животот својата исконска глад.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Пред крајот на ноќта заспа; сонот, нејзиниот последен сон, беше спокоен, кус.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Пред да се разбуди ја подаде раката, како во сонот да бараше некого.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Земи ја розата, Цветот како исплетена боја - издлабена во здивот и плачот на дождот како висока градина - - изговорена на врвот од ѕвоното како последниот сон на ангелот воден по бездната на утрото.
„Чекајќи го ангелот“ од Милчо Мисоски (1991)
20. Кога ќе загледаш поасолно Од пишаното навистина не се бегало Ни од пишаното ни од суденото А пишано било наместо плач да имам прв сон И судено било сон по сон Да го отсонувам и последниот сон Оставајќи патем неизбришливи траги Во светската историја на сонувањето И крепејќи ја севезден Планетарната борба За неприкосновено право на сонување Уште повеќе борбата За гарантирана слобода на сонувањето Што сега е внесена во Општата повелба На Обединетите нации за слободно и неограничено сонување Од толку силни борби И впрегнување во нив на владини и невладини сонувачи Најнакрај се уморив од толку сонување И си реков доста беше ако е за аир И онака не остана што да се сонува А и нека посонуваат малку помладите генерации Па да видат пршленките Колку дикат сака за едно просечно сонување А не пак за едно асолно сонување Да видат дека во сонувањето нема тате носи мама меси Соновите не паѓаат од ведро небо И сака добро загревање на главата Дури почне да се исцедува еден сосема обичен сон А знаете дека има и недоброј необични сонови Тадури и повеќе необични одошто обични сонови
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
И во животот што ми преостануваше на рланетата Земја, не можејќи да ја најдам Мајка во нејзиниот јазик, без сите нејзини зборови, кои не можат да се најдат во ниту еден друг јазик, јас упорно продолжив во нив да ја барам, можеби присутна само во заедничкиот јазик на животот...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)