последен (прид.) - станица (имн.)

А таа логика ќе доведе до пасивен отпор на козарите, до нивниот транспорт и до депортирање во градот, до последната станица на нивната бела револуција.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Потем следува сè што се збира во салдото на еден обичен живот - некогашниот малечеок летач со умот ќе подостари како и дрвјата во сибирските тајги и на дедовата загриженост, а и на бајачката, ќе си припомни баш кога пилотот ќе соопшти дека она што се гледа низ малото прозорско окно на авионот е Екатеринбург, последната станица на возот на династијата Романови.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
ај што јадат плескавици (и тоа на месечина) некои од оние кои 'рчат набрзина си наоѓаат тајно ќоше и тука се љубат, љубат дури метрото не застане на последната станица или дури акиро куросава не ги потапка загадочно по рамената пред да почнат да се џимкаат во сонот.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Додека ептен не се стемнило редно е да се потроши уште некоја насмевка и да се направи уште една пируета во бескрајот на детството секако ќе има време да се забрише и правта од чевличките, малите бели чевлички па сите срамежливи погледи и палави мечтаења и сновиденија да се стуткаат како алишта во куферот има куфери што набабруваат од насмевки пред за последен пат да застанат на перонот на црната неизвесност тринаесетгодишната ханичка брадјова тринаесет пати се закашлува пред да се качи во возот кој има само последна станица ханичка тринаесет пати се сврте кон багремите кои од навика чекаат нова пролет за расцутување фрли поглед и на омиленото бело облаче на кое гулабицата неуморно павташе над седалото за недосмеани насмевки.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Откај градот доаѓаше црвен автобус со накренат опаш од сива прав, на последната станица истресуваше по неколку стари жени во црни шамии.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
А кога дома ни идеа емигранти од родниот крај, пред неизвесниот пат кон Америка, кон Австралија или кон поблиската Турција, седнати на чардакот, како на последната станица од егзилот, Татко си имаше обичај, со нив, да ја пее тоскиската полифона песна во која се зборуваше за патот на семејството од Морето кон Езерото, за силните војни, кога се делеше семејството.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
А за некои Ташкент беше последната станица во нивниот живот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
На последната станица возот издишува, „крај на линијата, ауфидерзин“, горе бучи ветерот и не ветува ништо добро.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Таа вечер разбра дека пред него стојат уште смртни денови и дека не Ерусалим, туку Рим ќе му биде последната станица.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Еве, на пример, како приоѓав кон таа моја зграда што беше веднаш тука кај последната станица на Деветнајската.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
На последната станица во Шутка, човекот само наплати две карти, (колку љубезно од него, нели?), и по едно четириесетина минути бевме назад во Карпош III. 76 okno.mk
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Штом ќе се симнев од автобусот, ќе погледнев лево-десно да не случајно се најде некој што ме знае иако претходно во автобусот, 70 okno.mk обично скукулен во задниот дел, со внимателност и лукавост на инспектор ги согледев сите лица што се качуваа и се симнуваа на постојките а особено ги запаметував тие што повеќе од двапати се имаа довозено до таа “моја” последна станица.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Во некој момент сигурно забележала, застанала молкум да ме набљудува како и самата нешто да очекува; веќе беше невозможно да не ме издаде напорот да го продолжам тоа затишје, да не го прифатам тоа пак да се вратат наспроти Мари-Клод, против Мари-Клод која не можеше да разбере, која молчешкум ме гледаше исчекувајќи; да се пие и пуши и да се зборува со неа, за до последниот момент да се одбрани слаткиот интеррегнум без пајаците; да се запознае нејзиниот едноставен живот работа-дома и сестра студентка и алергиите; да се сака, така да се посакува тој црн прамен што ѝ го чешла челото, да се сака таа како цел, како стварно последна станица на последниот метро во животот, а тогаш - бунар, тоа растојание од мојот стол до онаа клупа каде што можевме да се љубиме, кадешто мојата уста можеше да го испие првиот мирис на Мари-Клод пред во прегратка да ја однесам до нејзината куќа, пред да се качиме низ оние нејзини скали и најпосле соблекувајќи ја од себе толкавата облека и толкавото чекање.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Да набљудувам од било кој перон како возовите влегуваат со по седум-осум вагони, па да си допуштам себеси да ги гледам додека минуваат сè побавно и побавно, и да потрчам до крајот па да се качам во некој вагон а без Мари-Клод, потоа да се симнам на следната станица и да го причекам наредниот воз, па пак до првата следна станица, па да најдам друга линија, и да видам како вагоните доаѓаат без Мари-Клод; да пропуштам еден или два воза, да го фатам оној третиот, да се возам со него до последната станица, да се вратам до некоја станица откаде што ќе можам да се префрлам на друга линија, па да решам да го земам четвртиот воз, па после да ја напуштам потрагата и да се качам на ручек а всушност веднаш да се вратам со цигарата на горчината и да поседам на клупа додека не наиде следниот, додека не наиде петтиот воз.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Посебно ме плени есејот од книгата Во школата на тираните.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Книгата го предизвика моето внимание во времето меѓу падот на врховниот борец Хабиб Бургиба, кој бездруго имаше тиранско-фараонски амбиции и архаичниот лов матанѕа на туните, на една од последните станици од нивниот медитерански свадбен пат.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
XXX Има едно вовче од детството кое не стигнало на својата последна станица, вовче што не престанува да се префрлува од сон во сон.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Паркиран автобус на последна станица. Шоферот го нема.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Конечно доаѓа и возот од Скопје со мајка ми, која, иако Белград е последна станица, забрзано ми ги подава двата куфери преку прозорецот.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
За последна станица седнувавме врз скалите или врз камењата, веднаш до портата на нашата градина...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тука кај што поминуваа големите скали, кај што се издигнуваше пристаништето, скоро под нашите прозорци...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Отпосле се запрашав: и да стоев пркосно како цуцул до последната станица само на едната нога, ќе ги избришев ли како што се брише потта од челото, знаците на старост што момчето ги виде во моите очи?
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Нема да останам во минатото, љубовта не е дух, судбината не е предодредена, судбината ја градиме ние, не се откажувам, не е завршено, бескрајот е последна станица а во следниот перон сум јас, тргнав за да бидеме заедно, зошто никогаш не се изгубивме.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Најдов сила да простам, во моето срце има место за една љубов,дојди и кажи ми една добра причина.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Твојот лик е последна станица за моите мисли.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
И знам дека ако те ислушам пак ќе ти поверувам и се ќе простам!
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Нѐ однесоа во 21 колона. Ова ќе ни биде последна станица.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Појдов до последната станица и пак назад.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Слегоа на последната станица - пред училиштето.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
По планот на Беличот – отсега така ќе го викаме светлокосиот – со возот требаше да се префрлат до последната станица, а од таму со камион или некоја кола да продолжат до бригадните логори.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)