последен (прид.) - старец (имн.)

Меѓутоа вистината за коњот што љубел вино била поинаква. Не ја раскажуваат и не ја преприкажуваат веќе, последните старци од тоа време ја однеле со себе в земја.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
На втор ден Водици, или уште како што ги викаа во сета Пелагонија Женски Водици (дека за разлика од првиот ден кога на посета кај роднините и светијоните оди машка челад сега одат жените и децата) во 1857 година, кога го закопуваат Ангела Јанчески, последниот старец од петтото колено броејќи наваму од населувањето на првите Турци во Потковицата, гробиштата на Рамник на Горник се прилично намножени и може, мерено од око, во должина и во ширина покриваат простор и до триста метра.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)