последен (прид.) - татковина (имн.)

И така, мили мои Балканци, стасав до ова Езеро, мојата последна татковина.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Но, по сѐ што видов и доживеав, имајќи го Сталин зад петици, во егзилот земски, и по пристигањето во мојата последна татковина Езерото, мене јанѕа ме прогонува. Не дај Боже, не дај Боже...
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Таа наша ѕвезда водилка на семејната судбина во небеската геометрија на егзилот, остануваше како наша последна татковина – надеж.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)