последен (прид.) - час (имн.)

На последниот час, по историја, кога учителот на таблата ги допишуваше имињата на оние што најмногу придонеле за успешната победа, Коле се наведна кон ушето на Танаса, му шепна нешто, а потоа шепотот застружи од еден до друг и, како жужалец стигна до мене: - Никој да не оди дома. Зборно место на крстопатот.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
И, во слава на својата сѐ поблиска смрт, Лири ентузијастично прави планови како своите последни часови да ги изрежира во еден психоделичен сјај.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Тоа е среќно паганска желба, некаков вид давање благодарност, која секако повеќе го потврдува животот (ако така може да се каже за една хипотетична желба во последните часови) отколку последниот благослов или дури „доведување на своите работи во ред”.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Кога заврши и последниот час шумно излеговме.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
И така е подобро, срцето ти претскаже што би сакал да ти пишам во овој последен час.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Или можеби времето застанало и песокта во часовникот ќе застане, ни ваму ни таму, а тасовите на вагата во својата рамнотежа покажуваат дека веќе сѐ е сеедно и нема значење, а ѕвоното нема зошто да удри.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Половина од песокта во песочниот часовник е истечена, тасовите на вагата мируваат, мирува и ѕвоното, иако во секој миг може да го удри последниот час.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Рекапитулацијата на Тезауро се сместува во последните часови на тогашниот маниризам.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Всушност лудилото и не е друго туку метафора за способноста едно нешто да се претвори во нешто друго”.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Таа вечер, кога часовникот ги одбројуваше последните часови од годината, Томо и Рада ги имаа заземено местата на аголот од салата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
На деветтиот кат се влече вратата, а на неа ме чека насмеаното лиценце на Ането мое, што во последниот час ми ги испрати сите срценца и „смајлиња“ што постојат.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- Не знам, дали стасавме на време да му се обратиме на бога, вели поп Танаско, дали го фативме последниот час за молитва, за милост, ама наша света должност е да се молиме и да се молиме. 135
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И во тој последен час на денот, во тој брз заод на замагленото сонце, игуменијата со малку потемни сенки во очите, непроменливо загатлива и стара каква што можела да биде пред десет години или каква што ќе можела да биде по десет години, кренала рака за удар или за благослов.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Клекнете. Онисифор Проказник ќе пее патем молитви и ќе внимава на постењето.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
АНТИЦА: И дојде да ме спасиш во последниот час?
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
ИЛИЈА: Во последен час, но не и во свршен час! (ЗАВЕСА)
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Се сети на последните часови од мајчиниот живот; лежеше во задушливата темна соба на другиот крај од ходникот, а однадвор се слушна меланхоличниот италијански напев.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Се стресе кога пак го слушна гласот од мајка си како без прекин повторува со налудничава упорност: – ’Дереваун Сераун! Дереваун Сераун!’
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Многумина од домците мислеа тоа е крајот, последниот час.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Колку што можевме да дознаеме; Аритон Јаковлески до последниот час, и покрај сета мрачност и мраз во душата, сепак тој, човечецот, си умел поубав крај, дури се надеваше, имаше такви часови кога страсно веруваше во своето дело, значи - тој имаше некаква подлабока надеж.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Барем да ги вратам последните часови, ако не можам последните денови и да те гушкам и гушкам и да ти ги олеснам со нешто маките кои не ти се гледаа.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Тие со Алекса Баба се согласија и му купија на новото попче Петка цел такам црковни одежди за да му се најдат во последен час — за закоп, господ да чува, оти попот не може да излезе пред господа во мирјанска облека.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Беше последен час за тргнување.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Еве, дури сега, пред портата на Саемот си го постави вистинското прашање: зошто неговата покана втаса во последен час?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
И не ми веруваше, до последен час, дека на сите тие опасности постојано ме опоменуваа токму оние труби, и нивниот страшен глас, што навестува само смрт и ништо друго.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Замисли си, мила Васке, толку важна ситница а јас да ја дознаам дури на гробот на мој Ролан!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А тој Генерал излезе толку глупав, не сфати до последен час дека Сузи и мене ме сака.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Само некои имиња, некои презимиња, а она, што е најжално, не постои никакво упатство: дали да се чува, кому да му се предаде, за што може да послужи.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
На крајот, по сè она што ќе се случи останува понекој искинат лист или список во кој за жал и не е сè забележано.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)