последен (прид.) - член (имн.)

Геро не гледаше накај корзото, каде што можеше да го најде последниот член на екипата што им недостигаше, туку право во Ванета како да очекува тој да му го најде или барем да му го посочи.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
На крај се влечкаше Ване, како последен член на екипата или асистент на асистентот - снимател, постојано префрлајќи го акумулаторот од еден на друг колк, зашто ременот на акумулаторот, колку и да беше широк, му ги жулеше и двете рамена.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)