последен (прид.) - атеистички (прид.)

Трагиката на родната земја, под сталинизмот и вна­трешниот ѕид од седумстотини илјади бункери, ја видов и ја пренесов низ глобалната метафора на Атеистичкиот музеј (во книгата со истоимениот наслов) во Скадар, изграден со цел во првата и последна атеистичка држава во светот, идеологијата да го преземе местото на трите религии (исламот и христијанството, со православјето и католицизмот).
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Идејата како во Албанија, со револуционерен јуриш, да се искорени троверството од сопствениот народ, со забрана на Бог, со забрана на небото за душите, со сите можни облици на душевна тортура, продолжува да биде отелотворена во последниот атеистички музеј на светот, повеќе години откако Советите и неколку други сателитски земји ја увидоа грешката.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Наближуваше времето кога требаше да одиме во театар на последната атеистичка претстава.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)