последен (прид.) - бел (прид.)

Над влезната порта венче од детски солзи му пркоси на законот на гравитацијата среде бело венче ѕвони бело ѕвонче бели коњи со распавтани бели сни и занданите имаат облик - бела ѕвезда бело насмеана со опашка од бела роза бели галежи на бела свила од првата ноќ до последната бела виделина бел садник од рози во срцето - осаменоста ја скорива љубовта гнетот го скорива гневот бело варосани ѕидови во нив светлината жртва заѕидана врела голтка запрена среде суво грло и смртта тука имала бела боја и многу сакала да гушка листиња од црвени рози.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Никој не го прашува белиот какаду во Ботаничката градина во Сиднеј дали по последниот бел крик ќе се престори во перница од пердуви.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)