последен (прид.) - жив (прид.)

Така, кога ќе дојдевме кај Татко, дури некои од децата веќе во поодминати години, да му се пожалиме поради некоја претрпена ситна неправда или болка и да побараме од него лек, совет или поддршка, тој, кутриот, макар сронат од болеста, изрешетан по телото од стотици инсулински инјекции, малку закрепнат, но тешко подвижен, н храбреше и зрачеше пред нас со посилна енергија, исполнет со сила и со надеж да го досрка животот, до последниот жив атом на телото и на душата...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Меѓутоа, се надоврза Татко по Riconquista исчезнаа и последните живи заедници кои би можеле да продолжат да ја негуваат андалузиската муслиманско-христијанска синтеза?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Битно е што таа синтеза беше можна и што нејзините поуки не се исчезнати туку се вградени во шпанската суштина!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Медицинскиот џип се доближи до самата граница, како последна жива закана, како трагичен епилог од сцена­риото на живата драма во која јас бев единствениот лик.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Некои, од последните живи сведоци на Републиката од илјада деветстотини и третата, биле, и нив ги нема веќе, поинаку ја знаеле прикаската.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Трогнатиот отец Панделиј, последниот жив јунак од битките во Негуш, од ракијата дури малку и се сцрвел во лицето.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Го најале, го напоиле, го облекле пак во црно.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Големиот палестински поет Махмуд Дарвиш, мојот дамнешен пријател ми остана последната жива врска со Арафат, да ми сведочи за него, за нивното политичко разидување, сѐ до времето кога го изнесоа на смртната постела од бетонскиот кафез-резиденција...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И таа умираше во делови, како и тој самиот, со телото и душата...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тоа се будеше како отворена утроба со своите илјадници живи организми, последни живи фосили, кои како да ги поздравуваа своите спасители…
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)