последен (прид.) - наш (прид.)

Се искачи до последната наша нива и ливада, дури до оние горе в планина кои не се зарегистрирани во никаков имотен лист.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тоа всушност беше последниот наш разговор во кој сакав но не смогнав сили да ѝ речам дека сум подготвен да го прифатам на себеси татковството на Иван и тоа не само како мое лично признание за тоа колку ја ценам, туку и заради една друга причина, што за жал немав сили самиот себеси да си ја признаам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не, не стануваше збор за некакво женирање. Или сомневање во желбата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Со оваа љубопитност наидуваат и неговите зборови од последната наша средба од пред две недели.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)