последен (прид.) - празен (прид.)

Го погледна последниот празен лист пред себе и длабоко воздивна.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
„Дај ми сила и умешност да ги најдам вистинските зборови за твоите пораки и води ми ја ракава да ги пренесе до оние на кои најмногу им треба твојата утеха“, ја промрморе молитвата што секогаш ја кажуваше кога требаше да ги заврши своите писанија, повторно го макна перото и почна да го пишува крајот: „И тогаш еден меѓу вас, оној што претходно не беше кажал ниту еден збор, туку само со строго и таговно лице ме слушаше и ги слушаше браќата свои што зборуваа, стана и за првпат прозборе, та ми рече: ’Татко, со денови веќе те слушам како ни кажуваш за Радосната Вест, дека Исус воскреснал од мртвите и дека со својата смрт смртта ја победил, та така и нас нè избавил од вечниот мрак‘.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)