последен (прид.) - сончев (прид.)

Татко со последните атоми на силата на духот сакаше да го изнесеме на раце да ги почувствува последните сончеви зраци.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И во неделата пред да се пренесат пљачките на Пелагија во подареното одајче, речиси во последните сончеви есенски денови кога зајдисонцата просторот го претвораат во надреален пејсаж, таа го изложи својот живот пред неа без ништо да скрие, го разголи до толку многу што можеше да се чуе како пука голата кожа и шурнуваат безброј бразди крв. Ѝ кажа за силувањето во селото на денот на Богородица, дека едно војниче од мајка родено, не сакал да ја расипе, ама затоа пак добил куршум в чело.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Езерското огледало поруменето и смирено од последните сончеви зраци, волшебно ја одразуваше, во блискиот брег, нејзината занесна игра.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Последните сончеви зраци на денот проигруваа над извишената тврдина Кале од другата страна на реката, под Еврејското Маало.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кога последните сончеви зраци замреа зад западните планини, таа, уморна и бесна поради немоќта, но, како секоја жена во дното на душата задоволена поради поразот, го поттикна момчето: Се предавам!
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Пред нашата куќа се разделија. Преостануваше уште последната договорена средба со сопругите за одбележување на битните ориентални заемки (турско-арапско-персиските) од областа на гастрономијата со заедничка вечера во нашата куќа крај реката...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Пристојно се протегаше вечерта Пристојно се протегаше на балконот последниот сончев одблесок од чашата.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Денот зајдуваше. Сенките на трите багреми се издолжија и поминаа преку нас покривајќи ја и последната сончева светлина на земјата.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)