последен (прид.) - татков (прид.)

Таа го беше достигнала, со упорното читање, последниот Татков диоптер пред да почине и сега се служеше со неговите очила, со стакла со неизбришани траги од исушени солзи.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Стаса и Мајка, отидена да исполни уште една од последните таткови желби, да врати неколку позајмени книги, кај негови блиски пријатели.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)