поставен (прид.) - за (предл.)

102. Стојан Михајловски (1856-1927) е бугарски поет и општественик од гр. Елена што немаше ништо заедничко со борбата на Македонците за слобода, но во 1901 год. беше поставен за претседател на ВМОК, наместо дотогашниот Б.Сарафов што се покажа „непослушен” за бугарскиот кнез.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
„Се надевам дека може да се каже дека и вие ќе ѝ припаднете на таа монастирлитска светла линија на верата”, му рече со спокоен глас претседателот на синагогалниот одбор, кога младиот Елеазар бен Цви беше поставен за рабин.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во 893 од страна на бугарскиот владетел Симеон, Климент бил поставен за словенски епископ во Дремвицката епархија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Започнуваше да се развиделува, но матно; селото имаше изглед на вештачки декор, на кулиси поставени за драматика, за морници.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)