потребен (прид.) - многу (прил.)

Навистина чудно, незамисливо, каков вкус, провидни златести кори, обични вметоци, а каква мистерија на вкусот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Третата класа има премногу атрибути, поради кои не е потребен многу голем труд.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Камилски почувствува дека разговорот оди видливо на негов терен, на подрачјето на кое се чувствуваше најинформиран, а беше во дослух со генезата на балканското јаничарство, па се надоврза на размислите на Татко: За да се ослободиме од духот на јаничаризмот на Балканот и за да ги спасиме идните генерации, посебно нашите деца, ние треба да ја разбереме неговата генеза, но затоа ќе ни бидат потребни многу време, многу книги.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но, не го заборавај, мил мој, мајсторството во подготвувањето, за тоа се потребни многу, многу години за да се дојде до вистинскиот вкус, се надоврза госпоѓа Камилска.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)