почесен (прид.) - круг (имн.)

Саде добродушно ме турка како старо, раскантано фиќо низ четките во автопералницата за потем светнат да го свртам почесниот круг околу новиот сончев зрак.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Така некако, во интервјуто во весникот „Политика“ се изјасни авторот на „Маратонците го трчаат почесниот круг“, „Кој тоа таму пее“, „Радован Трети“, „Свети Ѓорѓи ја убива ламјата“, српскиот драматург, Душко Коваќевиќ.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)