почесен (прид.) - статус (имн.)

Но, средишноста на судирот меѓу мајката и ќерката во сижето на филмот многу придонесува да се влоши севкупната недостоинственост.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Туркајќи ги до крајност елементите на прежестокото чувствување, на емоционалната претераност и на страсниот набој што веќе ги има во Милдред Пирс, Најмила мамичке нѐ учи да го гледаме реалистичното и (релативно) трезвено претставување во претходниот филм за судирот меѓу мајката и ќерката како веќе накиснато во буновна претераност, која веќе се граничи со хистеричност, како веќе наклонето кон една редуктивна, надмено патронизирачка визија – истовремено и гламурозна и абјектна – за жените и за женственоста: да скратам, веќе дисквалификувано од кандидатурата за сериозно разгледување, од кандидатурата за почесниот статус на трагедија.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Всушност, нагласувајќи ги театралностите на Милдред Пирс до гротескност, Најмила мамичке ја истакнува имплицитната несериозност на претходниот филм и покрај неговата релативна ревност, вкус и вистинообразност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)