почетен (прид.) - замисла (имн.)

Камилски имаше извршено и свои истражувања за душманлакот, зборот со далечно персиско потекло, којшто минувајќи во Отоманската Османската Империја, кај различни народи добиваше и различни значења.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој тоа го вршеше умешно, брзо и ефикасно, што беше последица на здобиеното искуство во откривањето на најкарактеристичните османскотурски заемки за натамошна обработка според почетната замисла, но и измените до кои дојдоа во текот на работата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
LV Ориентализмот душманлак беше повод помеѓу Татко и Климент Камилски да се разгори нова дебата, нивната потрага да добие нов тек, односно да се врати на почетната замисла да се трага само по заемките со, наводно, опасна конотација.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Очигледно настапуваше нова, завршна фаза во мисијата, во тоа беа уверени и обајцата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)