почитуван (прид.) - госпоѓа (имн.)

Има, почитувана госпоѓо Лејбовиц, уште многу да се пишува за мојот пријател Патрик Крисман, за неговиот придонес во мојата балканска сага, без кого не можам да го замислам нејзиното продолжување.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И така, почитувана госпоѓо Лејбовиц, Поуката за божествата остана за мене отворена, незавршена книга.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
На крајот на краиштата, ќе се согласите дека убиството може да биде згодно и привлечно и за жртвата, доколку околината е пријатна а извршителите се пристојни луѓе, токму како вас, почитувани госпоѓи и господа.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Кога ќе се појавите на прагот на куќата на некој англиски благородник мошне веројатно е дека слугата ќе ви каже, Почитуваната Госпоѓа се извинува, таа не е дома и ќе морате да чекате да добиете една убава картичка Г-дин и Г-ѓа John Miller дома во Сабота, 5-ти Ноември од 16 часот - не сте повикани лично - кажано ви е дека г-дин и г-ѓа Милер ќе бидат дома и дека ќе очекуваат (можеби со задоволство) да ве видат.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Не знам, почитувана госпоѓо Лејбовиц, кои беа причините за ова задоцнето катарзирање: дали беше чудесната Прованса, со своите опојни миризби, особено на лавандата, на чудесните бои, или на етеричните масла, со кои вие ме дарувавте во вашиот волшебен пакет, кој ми пристиgна како фрагмент или беше гласот на мојата осамена мајка, која ја слушав уште тогаш во Арл по телефон.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)