почитуван (прид.) - претседател (имн.)

На средбата со македонските писатели, откако од претседавачот на собирот беше претставен и со искажувањето дека Роже Кајоа го поставува човекот во центарот на рланетата Земја, како најсовршено суштество, тој непредвидено го прекина предавачот и несогласувајќи се со неговото тврдење дополни: Не, почитуван претседателе, јас никогаш не сум го поставувал човекот во центарот на егзистенцијата, за мене човекот е и како другите животни, кој произлегува од делувијалниот период, со незавршена еволуција...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ви благодарам за прекривките, за вашата благородна мисла, која не престанува да ме следи во овие тешки времиња во потрага по спокој за пишување. Ваш Луан Старова
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Во тие времиња кај нас постојано се цитираше една Титова изрека дека човекот е наше најголемо богатство и дека, тој е во средиштето на егзистенцијата. Времиња, обичаи...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)