поширок (прид.) - достапен (имн.)

Енди Ворхол беше еден од првите што снажно и иронично ја поцрта врската меѓу поп(уларното) и арт(ифициелното), а потоа и ја уништи, демократизирајќи го високоумното Дишаново “животот е уметност”, овозможувајќи му многу поширока достапност (токму како што ѝ прилега на Америка!), но притоа задржувајќи ги сите напластени одеци и во банализирањето само влечејќи ги контурите на една инаква културна клима, на еден друг духовен сензибилитет кој и денес сѐ уште го фаќа својот залет кон некои прилично магловити цели.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)