поширок (прид.) - подрачје (имн.)

Кибернетика Создавање на виртуалната сексуалност спаѓа во поширокото подрачје на кибернетиката, па затоа да кажеме уште некој збор за тоа во која насока во иднина ќе се развива кибернетизацијата на телото што претставува подлога за секое вештачки генерирано и на научно-технолошките постапки подложено сексуално уживање.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Но веќе тогаш почувствував дека тој бес и пцостите не се однесуваат само на Милан Бабиќ, дека погодуваат многу пошироко подрачје од она на Книнската краина или дури и од она на политиката како таква.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)