поширок (прид.) - федерација (имн.)

Од своја страна, имајќи ги предвид програмските цели на македонското народноослободително движење, политичкото и военото раководство на НОВ и ПО на Македонија во своите настапи како зацртана цел го имала обединувањето или влегувањето во некоја поширока федерација на балканските народи каде што повторно Македонија би била обединета.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Несомнено, таквите тежнеења на политичките и воените лидери биле "сметка без крчмар", бидејќи во заднината на војната веќе се воделе преговори за повоеното уредување на светот во кој немало место за уште една нова самостојна и независна држава каква што била Македонија, било да е обединета или само во делот на Македонија надвор од рамките на Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)