појасен (прид.) - дека (сврз.)

На Марија ѝ стануваше сè појасно дека Хелвиг нема никогаш да победи во немилосрдната борба со самиот себеси.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Денес, во еден друг хоризонт на рецепција, станува сѐ појасно дека тоа уметничко дело (опус, во алхемиска смисла) треба да се просудува како ремек-дело, токму како што од целокупното творештво на некој традиционален уметник одбираме одредено дело и му го прилепуваме истиот знак.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Ја следев таа ситуација и ми стануваше сè појасно дека тие вистински се вљубени.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
А со секоја минутка ми станува се појасно дека и таа присуствуваше на онаа приредба на креатурите што се одржа минатата ноќ.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
На партиските стратези на развојот во градот им стануваше сѐ појасно дека козарите неповратно се оддалечуваат од глобалната директива наложена од федералниот центар – по секоја цена во првата петолетка на развојот да станат дел на работничката класа. ***
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)