прав (прид.) - збор (имн.)

Тоа те тера да ги замислуваш луѓето како седат со своите раце врз контролните копчиња, нешто што наликува на игра. Правиот збор е „недовршено“.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Но јас и сега прашувам: од каде, по сѐ, тој агон да се бара секогаш правиот збор од каде тоа тесно грло тој застој во којшто ферментира минатото, заедно со детството и младоста и она кое следи потоа сето фрагментарно, немонтирано искуство, живот наречено?
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)