правен (прид.) - држава (имн.)

Тоа беше еден од ретките случаи кога правната држава профункционира и тоа на штета на трпеливиот. Колатерална штета јебига.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Ниту можноста сите наши Главаши и Мерчепи под будното око на Крлежа најпосле да можат да го изразат својот, денес ѓавол-ќе знае-од-кои-причини толку несреќно потиснат, сензибилитет за правна држава и човечки права - не е за потценување.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Тешко се стигнува до свеста за правната држава. Тешко се прифаќа минливоста на авторитарната, деспотската власт. Треба време.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
XXXVI Меѓу заминувањето и враќањето од дипломатска мисија, посебно на амбасадорите во земјите со демократска традиција, во која дипломатската институција почива врз цврстите принципи на правната држава, но и врз автохтоноста на дипломатскиот феномен во светот од неговите дамнешни почетоци па сѐ до денешни времиња, постои природна поврзаност, дејствен континуитет.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
А јас ја продолжив мојата мисија на отворање на нови врати, рефрен наследен уште од моето детство, што се пренесуваше и во моите книги... А kapi...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во правните држави не се спорни стекнатите и утврдени права, туку сето она што во сегашниов момент претставува проблем и поради што она што е постигнато секогаш ⥊ е изложено на опасноста да биде доведено во прашање.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)