правен (прид.) - реализам (имн.)

За потребата од воскреснување на правниот реализам во македонски прилики Nulli vendemus, nulli negabimus, aut differemus rectum vel iustitiam.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Правото на државата да ги наплати таксите [во никој случај] не може да биде поважно од правото на [пристап до] судот! 5) Недоверба во „институциите на системот“ Во овој дел мораме да ја истакнеме изразената недоверба на работниците кон надлежните државни институции, кој се најповикани да ги разгледуваат прашањата од трудовоправната сфера (покрај судовите, тука пред сè мислиме на: МТСП преку своите подрачни единици, АВРМ преку своите центри за вработување и „озлогласениот“ Трудов инспекторат преку своите локални, општински одделенија).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
ЕСЧП, во точката 52 од својата мериторна одлука, луцидно го појаснува ова право и вели: Овој Суд смета дека е [наполно] бесмислено Конвенцијата да регулира како [да] тече постапката за таа да биде правична, брза и сл. – доколку, претходно, не го обезбеди круцијалното [човеково] право на суд.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)