правен (прид.) - од (предл.)

Донесе Кољо и вино правено од своето лозје, со години чувано во кералот на куќата, во очекување на некој посебен ден, ден на слободата, или ден на свршувачката на Марија.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Турски ќерамиди, правени од Перета Селчанецот, ама пак не се 'ржање, слама или трска како во Полето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Светилката потреперуваше од променливиот напон и ги зумираше шарите на ѕидовите правени од маказарскиот уметник - големите лисја од јавор рамномерно поставени и осенчени во еднакви правоаголници.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Колачот како да беше правен од гипс.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Како да беа правени од иста тајфа мајстори.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)