празен (прид.) - простор (имн.)

Низ удолницата водеа двете остри врвови на веѓите кои се спушта надолу нагло, како стрели, но пред да се спуштат се искривува, горе на својот друг крај, набирајки се задолжително, на купче, една до друга, за да ги создадат двете црти на празниот простор помеѓу нив.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Отпаднаа всушност сите ѕидови сѐ што беше вертикално, се слизнаа надолу во некоја бездна, и , кога погледнав преку еден од паднатите ѕидови, видов како куќата ми виси во еден празен простор под неа, еден бескрајно празен простор под неа.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Некој празен простор и јас сум во сиот тој простор, но и мене ме нема во него.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Се напинам, се напинам со сета сила, но енергијата ми останува некаде во мене, некаде во стомакот, некаде во некој празен простор во желудникот, таа тамо лебди како пердушка и нема во себе никаква тежина со која ќе налегне за да потисне нагоре енергија која ќе ми го поткрене јазикот.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Како да сум паднал во празен простор, во кој нема ни време, ни настани што го обележуваат тоа време.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
На тоа сме присилени, како што нашите претци беа присилени да застанат на две нозе, бидејќи настапувачката еколошка катастрофа ги присили некако да ги премостат празните простори меѓу преостанатите стебла.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Подоцна, хаосот е “празен простор” (Аристотел), но веќе тогаш, како и подоцна, сѐ до денес, во преовладувачкото духовно присвојување на постоечкото доминира идејата за ред и детерминација, а хаосот станува неред и збрка.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
На тоа сме присилени, како што биле нашите предци присилени да застанат на две нозе, бидејќи настапувачката еколошка катастрофа ги присилила некако да ги премостат празните простори меѓу ретките преостанати дрвја.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Еден палавко го бутнал пенисот во својот другар, додека другото момче го сече најличниот дел од курот на возбудениот примател, а посетителовиот гостувачки уд скока и го исполнува празниот простор од кој природата се гади и свршува во Црната Лагуна каде нестрпливата пирана го грабнува сѐ уште нероденото дете кое никогаш - со оглед на некои добро познати факти - нема ни да се роди.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Зелени искри му летаат во коренот на очите.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Одненадеж Магвампот го бутка момчето напред, во празниот простор, и го ослободува од својот кур.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Возот беше толку полн, што беа зафатени не само сите седишта ами и мрежите за багаж над нив, па и празниот простор за нозете под седиштата.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Препознај ја и знај дека таа луминозност е сознанието, отворен празен простор, чист гол дух без среде и околу.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Мрежата ја спои со страничникот, под первазот на прозорецот, притоа остави празен простор, една цела дупка, доволно голема за да може пилињата да бидат фатени во стапица.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
На изложбата исто така беа изложени и неколку други подготвителни студии, како и реконструкцијата во потполна големина на делото “Цепелин со воденица во соседни метали”(1913-1915) (“Glider Containing a Water Mill in Neighborinng Metals”) и “Девет шеќерни рељефи” (1914-15 - “Nine Malic Molds), Ричард Хамилтон ги изработи за изложбата во Тејт галеријата во 1966.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Изнуденото повлекување нѐ неутрализира и пренасочува во празен простор.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Оваа максима на нашиот соговорник му се чинеше премногу патетична: „Од искрената самоизолација не треба да се прави никаква доблест.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Како важно дополнение на редимејдите, 108 Margina #4-5 [1994] | okno.mk изложена во истата просторија со нив, беше последната композиција на Дишан, работена во маслена техника, “Tu m’”дело кое од него го откупила Катрин Дрејер во 1918 година, за да го пополни празниот простор над полицата за книги во нејзиниот апартман во Њујорк.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Тие се, очигледно, толку заситени со женствени значења и толку упатуваат на сексуална пасивност, што доволно е да си ставите едно во бањата за да се разбие секоја и секаква претензија на вистинска мажественост.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во случајот со примеров од Приказни за градот, предметот изгледа изразува извесна женствена нијанса во домашното украсување, китен порив да се наџиџа дури и празниот простор „над тоалетното казанче“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Можеби нема ништо многу мистериозно во процесот преку кој еден таков објект станува сврзан со конкретен сексуален и родов стил.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Веројатно би било доволно набрзина да се направи една општествено-семиотска анализа за да се објасни зошто маж кој има таков предмет никако не би бил некој што може „дома да го однесеш во Орландо и никој да не го познае“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Најниско е сината боја што ја содржи тајната на постоењето, но под синилото има еден празен простор кој е безбоен, невидлив.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
- Да... – реков и немо, со насолзени очи го опфаќам целиот празен простор... - Кого?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Без музика и без рефлекторска блештавост, само со тоа меко, нечујно и невидено паѓање, од кое би останала само една црна сенка на плочникот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Сега на покривот, над истиот оној празен простор, стои човеков што тогаш беше дете и тогаш гледаше оздола со отворени зеници и запрен здив кон височината што му се чинеше недосеглива, кон работ на покривите; стоеше сега поднаведнат а сепак достатно задржан од железата околу рацете, затегнати со сигурност над таа улична празнина.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Кога сега, помисли, кога сега би го наполнил празнион простор под себе со своето паѓање и со еден крик, нивниот крик, кога би ги собрал раштрканите луѓе околу една црна сенка на плочникот!
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Сепак, иако се повлече од страниците на идните книги, Мајсторот на Играта остави очевидно празен простор зад себе... Простор за соговорникот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Насетиле театарските јунаци празен простор и сега сакаат да излезат на мегдан со се што има партиска боја во театарското живеење.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Фаќајќи се за тенката амстердамска обврска како за сламка, во празниот простор ги впишав своите внатрешни координати: Загреб - Амстердам - Middletown.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Празниот простор на подот беше сосем ограничен, зашто на сите ѕидови беа потпрени безбројни рамки за слики.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Додека видот одново му се изоструваше, тој се сети кој е и каде се наоѓа и го препозна лицето што гледаше во неговото; но некаде во неговата глава постоеше голем празен простор, како да му е извадено парче од мозокот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во овој случај по горите мласкам — јадам со шум молзничар — овчар што ги пасе овците со млеко мотавило — направа на која се мота предено, 2) во прен. см. долго дете или девојче кое бргу пораснало мотаница — предено намотано мртвени — задушница мулазим — турски офицер, потпоручник мунасип — согласие, право е тоа што се предлага мутли — празниот простор од ѕидот на куќата под покривач мушавере — другарство м’ком — молчејќи м'сне Ала — ,ќе даде господ набабарам — потсмешка некоја млада да се стори баба набастиса — најде навале — навалица навевам — добивам нешто што не сум го чекал. My навева господ на Илка жена нави —болест кај жените леунки која ја предизвикуваат лошите духови — самовилите наврзници — 1) наврза многу непотребни зборови, 2) Маѓија во косата надретам — се поскарам со некого лесно наѕрница — жена што наѕрнува секаде налет — остави тоа ами ... налешам — навраќам намесница — бив. жена е намесница на сегашната (Би требало обратно) наметам — забуричкувам брашно за крмнакот напара — пракса, практика.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Празниот простор меѓу ѕидот и клештилата се вика „мутли".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Празниот простор под огништето така и се вика — „подогниште".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Та нели тој задоволство наоѓа токму во возбудата од она што со леснотија му го шета моливот по белиот лист хартија или прстите по тастатурата да нанесуваат знаци по виртуелниот празен простор на екранот пред него. Сега Едо ги имаше сите Едовци.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Јас не сум празен простор без бол и без збор. Јас сум само недоречен.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Лежеше неподвижно на креветот и гледаше во ширниот празен простор над него со нездрава втренченост.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Се трудев да ѝ ја објаснам мојата положба, непријатностите со сенките, мислам дека го спомнав и недоветното будалесто смеење на Јана, на твојата пријателка Јана, (токму така ѝ реков), но Катерина се преправаше дека ниту нешто слушнала, ниту нешто видела; (постојат такви моменти кога мојата Катерина в очи ми се руга, а лицето ѝ е невино, невино, како на палаво годиначе кое тукушто проодило), а притоа сепак, најприсутно барем во моите размисли беше она нејзино одречување, дури и спротивставување (како сум смеел да си претпоставувам дека таа дружи со сенки, а посебно со сенката на некоја Јана), а посебно ме изненади нејзината забелешка дека неа никогаш не ја интересирале русокосите фолиранки, и наеднаш ме заплисна некоја заедничка смеа, смеењето на двете жени, на Јана и на Катерина, кои како сенки се оддалечуваа по некоја спирална скала, а јас (тоа беше навистина за чудење) открив дека се наоѓам во ходникот, дека сум седнат на бетонот, и тоа пред врата што веројатно беше нашата, а притоа вратата беше заклучана.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Таа неразумна состојба придружувана од лелеења а можеби и од несигурното владеење со празниот простор ја осветли неочекуваната средба со Катерина која во еден момент се најде покрај мене.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Трагав во брзината на сценаријата, во рамнодушниот одблесок на телевизијата, во филмот на денот и ноќта низ празниот простор, во чудесно бесчувствителниот след на знаци, слики, лица, ритуални обреди на патиштата, по она што е најсродно на еден нуклеусен и денуклеусен свет каков што е нашиот, сѐ до европските дувла.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Кога ќе видам стол во прекрасен простор, без разлика колку и да е убав столот, не може никогаш да биде поубав од празниот простор. ◊ Моја омилена скулптура е празен ѕид со дупка во него за да го обележи (врами) просторот од другата страна. (1975) ◊ Обично сѐ што ми треба е паус-папир и добро светло.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Ако барате да ви судам, ќе ве осудам, ако барате да ви простам ќе ве казнам, ако барате да ми верувате ќе ве лажам и прогонувам.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Затоа постои страв од празен простор, празна соба, празна душа.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Најголемата креативност и најголемиот потенцијал го доживуваме кога го црпиме од другиот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ноќ и сенки кои тишината во празниот простор ја исполнуваат со воздишки.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Полека ги требев буквите една по една за да напишам стих во празниот простор што треба да личи на лист.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Знам дека по некое време ќе почне да ми ги гори и ќе морам да ги тргнам.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Делата што нешто вредат оставаат отисоци на контролирани изостанувања; тоа се системи на значајни празни простори...
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)