празен (прид.) - стомак (имн.)

Со задоволство би му позирал, да видат и неродените дека навистина се папсува од цицки, од многу пари и од многу дарови.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Зад грб некој му вели: полни очи, празни раце. (Тогаш не беше дојдено времето на празните стомаци).
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Боге и Кате се клацкаа на предните седишта со талогот кафе во празните стомаци, а нивните торби на задните седишта се трускаа нагнетени и стегнати до грло.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Знаеше дека е најтешко да се изддржи тоа, што во тој глас можеше да се сети, безмалку да се види, како волкот ја отвора устата, како грчот во празниот стомак му ја исправа главата, оптегнувајќи му го гркленот до крајната возможна граница на еластичноста и како секој мускул на него станува потврд од дрво, сув и истенчен.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)