практичен (прид.) - работа (имн.)

И Павле пак протера со него шест месеци. Практична работа. Само што сега палтото се истегна, свисна и уште повеќе избледи и потемни.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Татко му прифатил место во Геолошкиот институт со голема желба научно да го синтетизира искуството стекнато низ повеќегодишна практична работа со термалните води.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Долниот дел од ракавите толку му се излижаа - само што не почнале да се кинат. Исто и јаката...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Се покажува дека една практична работа, како што е јазикот, не била пречка Пандил да му биде зет на Вангела, но доколку се работело за различна вероисповед, тоа ќе било невозможно или, во најмала рака, неприфатливо.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Со новелата од 30.10.2014 година е направено проширување на опсегот на лицата кои се опфатени со овој закон, па е предвидено дека одредбите ќе се применуваат и на студентите кога истите се наоѓаат на практична работа во рудниците согласно нивната образовна програма.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)