прв (прид.) - два-три (бр.)

Татко ми еднаш бил во Кан со неа, и вели дека никогаш повеќе не би одел, оти само првите два-три дена му било интересно, а потоа ужасно му било здодевно.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
По патот, и првите два-три дена во Софија, дури бараа кај да се сместат, Орде Годивец, со кого Пискулиев како човек од постарата генерација немал никаков допир речиси од оној ден на крштењето, се покажа мирно и здржано момче и ги освои симпатиите на својот кум.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
И тој е некој чуден човек, како е тоа можно, кога цел свет оди во Кан во мај и сите се забавуваат, гледам јас на телевизија, само тој не знаел што да прави со слободното време.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Толку паметам од песната, ама првите два-три збора се уште ги знам на унгарски!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)