прв (прид.) - тројца (бр.)

Постелена како за на свадба, со повеќе ложници, здиплени во неколку ката, со осуммина мажи, кои одеа по неа, и со една жена, Трајана Дамческа, мајка му на Ѓорета, која ги водеше воловите, колата тргна од срецело.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тогаш, кога Ѓоре Дамчески Џаџоски рече дека се согласува да ја отера бомбата во Прилеп, Крсте Јанчески, војводата, иако во постојани сфатки со Дамчески, дали за инает на полицајците, или за овојпат да си остане таков каков што беше секогаш, праведен, одреди уште петмина мажи, меѓу кои и најмалиот од тројцата свои синови, Тодија, да отидат на Црн Камен и да им помогнат на првите тројца да ја натоварат бомбата на колата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Што се однесува до откривањето на Гемиџискиот кружок, тоа било извршено од некои од првите тројца уапсени.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)